Македонци од Авганистан ставени во карантин


Македонски државјани кои пристигнале од Авганистан вечерва се сместени во задолжителен карантин во еден скопски хотел, бидејќи министерството за здравство добило информации дека дел од нив се позитивни на Ковид-19.

Била присутна и полицијата за без проблеми да се спроведе државниот карантин, кој бил препорачан и од Комисијата за заразни болести и државниот санитарен и здравствен инспекторат. Утре за нив ќе одлучуваат епидемиолозите, а веројатно ќе бидат тестирани.