Македон примен во престижната Програма за талентирани млади при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД, со седиште во Балтимор, Мериленд


На само 12 години, Македон е примен во престижната Програма за талентирани млади при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД, со седиште во Балтимор, Мериленд – Baltimore, Maryland, USA, пишува на ФБ неговиот татко Владимир Димитровски. 

-Програмата е наменета за ученици со исклучителни академски способности од целиот свет. По тестирањето, Македон го доби и престижното признание „Гранд Хонорс / СЕТ“, за исклучителни резултати по математика и вербални способности. Grand Honors = највисоко признание за исклучително високи резултати во рамките на CTY тестирањето. SET = Study of Exceptional Talent – програма/признание на Johns Hopkins за ученици кои постигнуваат исклучително високи резултати на тестирањата, значително над очекуваното за нивната возраст. На само 11 години постигна и 1440 поени на САТ тестот – 740 по математика и 700 по читање и пишување. Зад сите овие бројки и признанија стои едно нешто – огромна љубов кон знаењето, пишува таткото на Македон.

Додава дека со повеќе од 20 златни медали од меѓународни математички натпревари, Македон продолжува да учи, да сонува и да ги поместува своите граници.

Тој упати и јавна благодарност до министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, која препознала талент и помогнала во неговиот напредок.