Мајли Сајрус со концерт во Приштина


Популарната поп-пејачка Мајли Сајрус ќе одржи концерт во Приштина во рамките на фестивалот „Сани Хил“ кој ќе с еодржува од 3 до 5 август во паркот Гермиа.

Покрај Мајли Сајрус на фестивалот ќе настапува и Калвин Харис, а дополнително ќе бидат најавени и други музички артисти.

Фестивалот „Сани Хил“ започна да се одржува пред неколку години, но своето најуспешно издание го имаше лани, кога главна ѕвезда беше по-пејачката со косовско потекло Дуа Липа.

Директор на фестивалот е татко на Дуа Липа, Дукаѓин Липа. Тој уште мината година највуваше дека секое следно издание на фестивалот ќе се обидат да ги донесат најатрактивните поп-ѕвезди во моментот.
Билетите за фестивалот се движат од 40 евра, па се до 200 евра за ВИП-билет и можат да се набават онлајн на официјалната страница sunnyhillfestival.com.