Мајката на заразеното бебе од Кочани негативна на корона вирусот


Мајката на четиримесечното бебе од Кочани, кое е позитивно на коронавирусот, е тестирана на 8 април и нејзиниот резултат е негативен , соопшти вечерва Министерството за здравство.Таа е е хоспитализирана заедно со своето бебе на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Според информациите добиени од Институтот за јавно здравје, четиримесечното бебе од Кочани беше тестирано на КОВИД-19 на 6 април, а резулатите биле готови следниот ден. Се чекаат резулатите за таткото, кој е тестиран на 8 април.