Мајката на Секондо ќе бара доживотна казна затвор за убијците на нејзиниот син


Мајката на убиениот Пинета Секондо, Маја Трпковска, која денеска беше во обвинителството да даде исказ, ќе бара доживотна казна за двајцата осомничени за убиството на нејзиниот син.

-Ќе се борам за доживотна казна, тие не треба да излезат веќе никогаш од затвор. Како може човечки ум, посебно девојка од 22 години, да размислува така, да убие свој другар и шест месци да си нема гајле, да си спие, да си шета. Тоа е нечовечки, таа е монструм. Среќа што во Европа не постои смртна казна, да бевме во Америка ќе добиеше смртна казна – рече Трпковска.

– Не разговаравме за мотивот. Љубомора… Не би знаела друго зошто – рече мајката на убиениот Пинета Секондо.

Автомобилот на Пино, додаде таа, сѐ уште не е пронајден. Трпковска е задоволна од секторот за крвни деликти при МВР, но дека е разочарана од секторот за исчезнати.

Пино на 11 декември 2018 година беше пријавен за исчезнат. На 29 април граѓанин пријавил во полиција дека на место викано Башинец во атарот на село Љуботен пронајден е човечки скелет покриен со камења, а еден месец подоцна, во петокот беше обелоденето оти надлежните го утврдиле неговиот идентитет.

За убиството на Секондо се сомничат двајца од кои едниот е во бегство, а девојката е во притвор.