Мајката на Џастин Трудо во болница по пожар на терасата


Мајката на канадскиот премиер Џастин Трудо, Маргарет, пренесена е во болница во понеделникот откако избил пожар на нејзината тераса во станот во Монтреал.

Од итната помош рекле дека примиле повик и информација дека жена на возраст од 70-тина години била изложена на вдишување чад и дека веројатно има изгореници.

Околу 70 пожарникари биле викнати за пожарот на авенијата „Доктор Пенфилд“ околу 23.25 часот.

Во противпожарната единица во Монтреал велат дека можно е пожарот да избил на терасата од петтиот кат во зградата и дека се проширил само во таа станбена единица.
Три други семејства се евакурани од објектот и за нив се грижи Црвениот крст.

Пожарникарите биле на местото на пожарот околу четири часа и останале во текот на целиот ден за да утврдат која е причината за пожарот.