Маја Оџаклиевска им се придружува на македонските ѕвезди со Хозе Карерас на 1 септември
Маја Оџаклиевска се придружува на Македонија олл стар на концертот на Градскиот плоштад во Скопје, на 1 септември, по повод 35 години независност , објави „Авалон“.
Оџаклиевска им се прудружува на Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Каролина Гочева, Калиопи, Влатко Стефановски, Ана и Игор Дурловски како македонски дрим тим, на заедничкиот настап со славниот шпански тенор José Carreras гарантираат спектакл кој ќе ги обедини сите генерации во чест на еден од најзначајните датуми во Македонија, на 1 септември на Градскиот плоштад во Скопје!

Настанот ќе биде бесплатен и отворен за сите граѓани, како дел од програмата за одбележување 35 години независност на Македонија.

Бобан Милошески од „Авалон Продукција“, на претходна прес- конференција по повод одбележувањето на „35 години независност“, рече дека ова е вечер на спој на македонската музика со светската класика.
– Сакавме да споиме нешто што е светско заедно со нашето македонско. На 1 септември на градскиот плоштад во Скопје ќе имаме концерт на Хозе Карерас и Македонија олл стар. Ќе има многу изненадувања таа вечер, кои нема да бидат соопштени. Оваа екипа на Македонија алл стар е личен мој избор и јас носам одговирност дали требало да има уште некој друг – изјави Милошески. Тој посочи дека во Македонија олл стар биле повикани и Владо Јаневски кој ненадејно почина на 28 јуни, на 65 години, и пијанистот Симон Трпчески, кој за жал не е во Македонија во тој период и нема да може да настапи.
Маја Оџаклиевска со специфичната интерпретација и богата кариера со право ја носи титулата поп-дива. Пејачката, која кариерата ја продолжи во Белград, остави неизбришлив белег на музичката сцена преку своите култни фестивалски изведби и безвременски хитови на македонски и српски јазик.
- Југовизија (Избор за Евровизија): Таа беше редовен учесник со високи пласмани во поранешна Југославија. Во 1982 година го освои второто место со песната „Јулија“, во 1983 година третото место со „Лиду лиду ду“, а во 1984 година повторно беше втора со легендарната „Ники“.
- Скопје Фест: Победи во 1974 година со песната „В облак сонце“, а во 1994 година триумфираше со антологиската поп-рок балада „Не ме допирај“ (компонирана од Григор Копров). Во 1996 година го освои второто место со изведбата на „Прости ми“.
- Белградска Пролет (Beogradsko Proleće): Како потврда за нејзиниот статус на вечна поп-дива, во април 2026 година, Маја се појави на овој престижен српски фестивал каде што блесна на сцената и доби награда за животно дело.
- Останати регионални фестивали: Имаше забележителни и наградувани настапи на фестивалите како МЕСАМ, Сплит, Будва и Еврофест (каде нејзината песна „Многу солзи“ беше прогласена за најголем хит на фестивалот).