Маглата го отежнува сообраќајот на повеќе патни правци


Фото: Б. Грданоски

Поради појава на магла намалена видливост од 100 -150 метри има на патниот правец Куманово – Скопје, од 30 – 40 метри на патните правци Скопје – Тетово и Тетово – Попова Шапка, од 20 – 30 на патниот правец Велес – Катланово, до 50 метри на патот Штип – Велес, соопшти АМСМ.

Намалена видливост до 100 метри има и на патните правци Куманово – Св.Николе и Неготино – Градско, а од 50 – 100 метри на патните правци Неготино – Д.Капија и Д.Капија – Удово.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

АМСМ потсетува дека од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.