Магла на Ѓавато и Плетвар


Фото: Б. Грданоски

Поради магла утринава намалена видливост има на планинските превои Ѓавато до 50 метри и на Плетвар од 20 до 30 метри.

На останатите патни правци низ државата, сообраќајот се одвива без забрани по наместа влажни коловози.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.