Мафијата и полицијата го прекинаа примирјето – 450.000 мртви


Колумбискиот претседател Густаво Петро вели дека го прекинал примирјето со кланот Дел Голфо, најголемата крминална организација во земјата, поради атак врз полицијата.

„Им наредив на оружените сили да ја реактивираат својата војска за операции пртоив кланот Дел Голфо. Нема да им дозволиме да продолжат да сејат страв и терот. Напад со пушка на полицијата од кланот Дел Голфо ја прекрѓува спогодбата за прекинн аогнот“, наведе Петро во твит.

Истакна дека оружените сили мора веднаш да делуваат против мафијата.

Прекинот на огнот со колумбискиот наркокартел беше дел од напорите да се заврши со внатрешниот судир во Колумбија каде убиени се најмалку 450.000 луѓе.

Петро вели дека криминалната група го прекршила примирјето и не постои можност преговорите да продолжат, ако се продолжи со напади врз полицијата.