Мадуро повеќе од двојно ја зголеми минималната плата во државата

Повеќе од двојно ја зголеми минималната плата за граѓаните претседателот на Венецуела, Николас Мадуро до ниво на околу 8 долари за еден месец. Тоа се случува во момент на хиперинфлкација и силна девалвација на националкната валута боливар.

Со Указот потпишан синоќа, минималната плата се зголемува од 18.000 боливари (3,46 долари по официјален курс) на 40.000 боливари (7,69 долари). Мадуро обнови и плаќање со купони за храна вредни 25.000 боливари (4,80 долари).

Новата минимална плата покрива едвај десетина од расходите за основни прехранбени продукти. Со тие пари може да се купат само околу четири килограми говедско месо.

Од утре влегува во сила ембаргото на САД за венецуелска нафта и тоа дополнително ќе ја влоши состојбата во државата. Според Мадуро, економските санкции веќе нанеле штети од 30 милијарди долари на економијата која добива 96 отсто од приходите од нафта.

ММФ оваа година најавува хиперинфлација во Венецуела од 10 милиони проценти.