Мадуро нареди воени вежби на колумбиската граница


Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро нареди воени маневри на границата со соседна Колумбија.

– Ако сакате мир и суверенитет, подгответе се да го одбраните, рече тој во говор пред војниците во главниот град Каракас.

Со оглед на тензиите меѓу соседните земји, Мадуро ги стави во состојба на зголемена готовност сите единици на границата и најави серија воени вежби од 10 до 28 септември.

Неколку поранешни команданти од поранешното герилско движење ФАРК кон крајот на минатиот најавија дека повторно се вооружуваат.

Мировниот договор за кој се преговараше во Хавана, во 2016 година стави крај на 52-годишниот конфликт во Колумбија. ФАРК беше претворена во политичка партија и доби 10 места во Конгресот.

Во вооружениот конфликт во Колумбија од 1958 година загинаа повеќе од 260.000 лица, а раселени се речиси осум милиони луѓе, соопшти владиниот Национален центар за историска сеќавање.