Маалските концерти на фејсбук ги гледаат над 50.000 луѓе


Голема е гледаноста на социјалните мрежи на маалските концерти на отворено, велат од Град Скопје кои стојат зад организирањето на настапите.

Вчерашните маалски концерти на социјалните мрежи имаат над 50.000 прегледи, соопштија од Град Скопје.

Во рамки на програмата „Култура за време на корона“ вчера на повеќе локации низ Скопје настапија Арда Мустафаоглу, Емилија Потевска Попивода, Дуња Иванова, Силви Бенд, Pluto’s Doubts и South Park.

Град Скопје, заедно со градските културни институции објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници коишто ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом. Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/ .

Маалските концерти продолжуваат и во наредните денови на повеќе локации во Скопје.