М6 станува дел од глобалната иницијатива за среќа на работно место


М6 Едукативен центар организира настан „Среќен Тим, Успешен Бизнис: Моќта на здрава работна средина“. Овој настан е посветен на важноста на среќата и благосостојбата на работното место, што е клучен фактор за успехот на секоја компанија во денешното динамично опкружување.

Овој настан е посветен на важноста на среќата и благосостојбата на работното место, што е клучен фактор за успехот на секоја компанија во денешното динамично опкружување. Целта е компаниите да ја разберат важноста на создавањето здрава работна средина за вработените што е клучен фактор за успехот на секоја компанија во денешното динамично опкружување, а вработените да добијат поддржувачка и инспиративна средина за вработените, каде секој може да се чувствува ценето, мотивирано и спремно за нови предизвици.

М6 станува партнер на глобалната иницијатива за среќа на работно место и од следната година настанот ќе биде дел од Интернационалната Недела за Среќа на Работното Место. Со отворање на оваа тема во јавноста, би го подигнале нивото на креирање свесност за важноста на благосостојбата во работната средина кај луѓето во Македонија – како кај компаниите така и кај вработените. 

Времетраењето на настанот ќе биде 2 дена, со датуми 21.11 и 22.11.2024 на кои првиот ден од настанот ќе се состои од key-note спикери и панел дискусии, а вториот од работилници, на кои учесниците ќе имаат можност да се запознаат со искуства и стратегии презентирани од експерти во различни области, кои ќе понудат практични примери од своите сектори.

Оваа активност е ко-финансирана од М6 Едукативниот центар и Владата на Швајцарија преку швајцарскиот проект „Образование за вработување“ – Е4Е@мк спроведуван од Хелветас.