М-НАВ и Албконтрол ќе ја подобрат размената на радарски податоци


Контролите на летање на Северна Македонија и Албанија работат на јакнење на соработката со цел зголемување на безбедноста на авиосообраќајот. Посебен фокус е подигнување на размената на радарски податоци на повисоко ниво, како дел од регионалните напори за оптимализација на оперативната функционалност на податоците, соопштија од МНАВ по средбата на директорите на воздухопловна техника на М-НАВ и Албконтрол,  Климент Чепуњоски и Сокол Мукај. 

На средбата, како што беше соопштено, било договорено продолжување на договорот за размена на сервиси меѓу двете држави.

– Во интерес на двата даватели на услуги во воздухопловниот сообраќај е да ги надминеме предизвиците во делот на размената на радарските податоци, преку надградба со нови технологии. Тоа ќе ја зголеми брзината и безбедноста на билатералната размена на податоци, а со тоа и квалитетот на нашите услуги, рече Чепуњоски.