Mинистерот за култура Адеми со честитка по повод Курбан Бајрам


Министерот за култура Асаф Адеми денеска упати честитка по повод празникот Курбан Бајрам до сите верници од исламска вероисповед.
– Курбан Бајрам, како највозвишена метафора на пожртвувањето, претставува безвременски повик кон човекот дека само несебичното пожртвување произведува вечни вредности. Посакувам овој Бајрам да биде ваква лекција, вели министерот Адеми во честитката по повод Курбан Бајрам.