Лустери од замрзнатиот имот на ВМРО се донираат во цркви


Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски дел од луксузните лустери од централниот штаб ги донирал во цркви и манастири. Информацијата на својот фејсбук профил ја објави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски.

„Огромна благодарност до претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски за донацијата од лустери кои се извадени од централниот штаб, а кои беа означени како луксуз. Затоа се подаруваат по македонските цркви и манастири. Црквата св. Никола с.Љубанци ќе ви е вечно благодарна“, напиша Тарчуловски.

Од Специјалното јавно обвинителство неофицијално велат дека СЈО нема направено попис на предметите во внатрешноста и дека со судска одлука е замрзната само зградата на седиштето.