„Луси“ на НАСА ја почна историската истражувачка мисија на астероидите – тројанци


Тројанците се астероиди кои орбитираат околу Сонцето пред и зад Јупитер и се движат еден по друг

Вселенското летало „Луси“ на НАСА во саботата ја започна мисијата да ги истражи астероидите на Јупитер.

Лансирана со ракетата Атлас В од Кејп Канаверал, Флорида, „Луси“ тргна во 12-годишна мисија, за време на која ќе помине речиси 6,5 милијарди километри во вселената.

Сондата е долга над 14 метри и се напојува со бензин и батерии, а може да се полни со помош на соларни панели.

Ќе лета во близина на Тројанците, седум астероиди на Јупитер.

Тројанците се астероиди кои орбитираат околу Сонцето пред Јупитер, се движат еден по друг.

Се смета дека тројанците се „остатоци од првобитниот материјал што ги формирал надворешните планети“, поради што НАСА се надева дека мисијата ќе обезбеди нов увид во формирањето на планетите и Сончевиот систем.

Би-Би-и известува дека сондата Луси ќе се упати кон орбитата на Јупитер за да проучи две групи на астероиди кои се поставени во роеви пред, и зад, гасниот гигант.

Научниците од американската вселенска агенција (НАСА) велат дека објектите се остатоци од настанувањето на планетите.

Како такви, овие тројанци, како што се наречени, содржат важни индиции за раната еволуција на Сончевиот систем.

Лансирањето на ракетата Атлас-В од вселенската станица Кејп Канаверал во Флорида, се одвиваше според распоредот во 05:34 часот по средноевропско време (09:34 часот по Гринич; 10:34 часот по средноевропско време).

НАСА првично намени 981 милиони американски долари во текот на 12 години, за мисијата. Во текот на мисијата сондата „Луси“ ќе посети седум тројанци.
Инаку, инспирацијата зза името на сондата е од познат човечки фосил од Африка, наречен Луси, кој не научи многу за тоа од каде потекнува нашиот вид. 
„Тројанските астероиди го водат или го следат Јупитер во неговата орбита под агол од околу 60 степени“, објасни Хал Левисон, главен истражувач на „Луси“ од Југозападниот истражувачки институт (СВРИ) во Болдер, Колорадо.

„Тие се држат од гравитациониот ефект на Јупитер и Сонцето. И ако ставите објект таму рано во историјата на Сончевиот систем, тој е стабилен засекогаш. Значи, тие навистина се фосили во однос на она од што се формирале планетите”, им рече тој на новинарите.