Лупита Нјонго испиша историја на Берлинале


 

Берлин– Кениската актерка Лупита Нионго влезе во историјата како прв црнемурест актер претседател на жирито на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин.

Годишниот филмски настан, познат и како Берлинале, кој започна синоќа, е еден од петте најголеми светски филмски фестивали.

Настанот немаше црномуресто жири во својата 74-годишна историја, изјавија организаторите за новинската агенција АФП минатата година.

Нјонго ќе го предводи жирито во изборот на победничките филмови во двете главни категории, Златни и Сребрени мечки.

Најдобрите пет меѓународни филмски фестивали – Берлин, Кан, Венеција, Санденс и Торонто – често се соочуваат со критики за недостаток на различност во нивните жирија.

Најголемиот и вториот најстар од нив, фестивалот во Кан, го имаше својот прв црномурест претседател на жирито во 2020 година, кога беше избран американскиот режисер Спајк Ли.

На отворањето на настанот во главниот град на Германија во четвртокот, Нјонго рече дека е „голема чест“ што ја презема оваа функција.

Таа додаде дека различноста на жирито ќе го збогати процесот на жирито за одлучување за филмовите што ќе се наградат.

„Тоа е убавината на зближувањето на луѓето од различно потекло – ние одговараме на различни работи“, рече актерката, која доби Оскар за „12 Years A Slave “  во 2014 година.

„Имаме многу светско искуство и мислење и ќе биде интересно. Веројатно ќе биде и пикантно“.

Кога Берлинале ја објави Нјонго за претседател на жирито минатиот декември, директорите на фестивалот, Мариете Рисенбек и Карло Чатријан, рекоа дека Нјонго е избрана затоа што „го отелотворува она што ни се допаѓа во киното“, преку нејзината актерска сестраност и способност да се грижи за различна публика. 

Гала фестивалот ќе трае до 25 февруари, кога жирито ги прогласува победничките филмови во главните категории.

Три африкански филма се меѓу 20-те кои се во трка за главната награда и сите раскажуваат приказни од континентот.

Тие вклучуваат Black Tea на режисерот од Мавританско потекло, Абдерахман Сисако, Who Do I Belong To на туниско-канадската режисерка Мерјам Жубер и документарниот филм  Dahomeyна француско-сенегалскиот режисер Мати Диоп.