Луксузната вила на Лепа Брена во Мајами се продава за неверојатни 16,9 милиони долари


Убавата Брена и нејзиниот сопруг Слободан Живојиновиќ во 2012 година купиле луксузен имот во Мајами, а неодамна го ставиле на продажба по неверојатна цена од 16,9 милиони долари.

Нивната куќа се наоѓа во близина на други луксузни вили на познати ѕвезди. Како што пренесува Блиц, нивниот дом има шест спални соби, седум бањи, две кујни и бар на покривот до кој се стигнува со лифт. Во дворот има голем базен, опкружен со бројни лежалки.

“Продавачите сакаа да изградат куќа со план на отворен кат кој ги истакнува водата и светлината, создавајќи незаборавно луксузно искуство за живеење. Секој детал е внимателно обмислен, од модерниот дизајн кој овозможува зачудувачки погледи до изборот на материјали.” изјави Мирче Ќуркоски, член на агенцијата The Waterfront International Realty.
Она што го прави овој имот попосебен е фактот што се наоѓа веднаш до морскиот брег.

Брена и Слободан сакаат да го поминуваат слободното време во Мајами, но сепак решиле да ја продадат куќата. Една од причините може да биде тоа што пејачката ретко се задржува на истото место, бидејќи најчесто патува.

„Слободан лично ја опреми целата куќа, се разбира, не физички, туку со својата визија. Нарача мебел од Италија, и ужива во тоа. Сè испадна како што тој и Брена сакаа, но оддалеченоста од 10.000 километри сепак преголема“, изјавил изворот за српските медиуми.