Луксузната модна куќа ЛВМХ бесплатно ќе им помага на болниците со средства за дезинфекција


Франција–  LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton, соопшти дека ќе произведува и дистрибуира средство за дезинфекција на рацете бесплатно за француските здравствени власти со цел да се бори против ширењето на коронавирусот, или КОВИД-19.

„Со оглед на ризикот од недостиг на хидроалкохолен гел во Франција, Бернард Арно одлучи компанијата за парфеми и врвна козметика LVMH да ги подготви своите производствени капацитети за значителни количини на хидроалкохолен гел што треба да бидат обезбедени за јавните власти“, велат од компанијата.

Почнувајќи од денес, сите производствени капацитети на брендовите на парфеми и козметика на групата, вклучувајќи ги и Parfums Christian Dior, Guerlain и Parfums Givenchy, ќе произведуваат и дистрибуираат шишиња за дeзинфекција кои ќе бидат испорачани бесплатно во Франција,  со приоритет за  болниците во Париз.

Бидејќи првите случаи на КОВИД-19 биле откриени во земјата, француските потрошувачи ги потрошиле сите залихи во аптеките и во продавниците.