Луксуз во Лос Анџелес: Каде живеат во изолација Хари и Меган?


САД- Иако живеат повеќе во Лос Анџелес повеќе од еден месец, дури сега се знае каде се изолирани принцот Хари и Меган. Според „Дејли меил“, двојката која се повлече од кралските должности, живее на социјална дистанца во огромна куќа од два дела ,долго време во сопственост на Тајлер Пери, кого го запознале преку заедничката пријателка Опра Винфри.

Куќата со големина на трговски центар на Мадеја е лоцирана над ридовите во Беверли Хилс, во населбата со  24/7 чувари, позната како Беверли Риџ Естејтс.

Иако е далеку помалку позната од славните населби како Беверли Парк и Мулхоланд Естejтс – Беверли Риџ е неоспорно луксузна и веројатно е дури и поексклузивна, со само 14 раскошни домови скриени во рамките на неговиот обезбеден влез.

Преку скоро 25.000 метри квадратни од простор за живеење, мулти-крилниот привремен дом на Меган и Хари лесно се квалификува како мегакуќа. Пери го стекнал имотот од 22 хектари во 2004 година и последователно потрошил милиони долари за градење на луксузниот дом во тоскански стил, кој има 8 спални соби и 12 купатила. Во еден момент пред завршувањето на тековната структура, Канје Вест го обиколи имотот и изрази голем интерес за купување на комплексот на ридот.

Домот, освен чувари има и безбедносни камери и најнапреден алармен систем. И, Пери, наводно, има свој приватен тим за обезбедување кој ги следи просториите во секое време, правејќи го имотот идеален станбен избор за светски познатата млада фамилија.

Повеќето од соседите на војвотката и војводата од Беверли Риџ не се познати – неколку од нив се богати бизнисмени од Кина и Индонезија.

По пандемијата, Меган и Хари имаат намера да купат куќа за постојано живеење во Лос Анџелес од осум цифри, сразмерна со својата кралска позиција.