Луксуз од 43 милиони долари: Бил Гејтс се поднови со летна куќа во Калифорнија


САД– Сега кога ја купија луксузната куќа на плажа, Бил и Мелинда Гејтс се подготвени за летото.

Двојката милијардери и филантропи станаа сопственици на вила во Дел Мар, Калифорнија, во колината на Сан Диего. Коосновачот на Мајкрософт и неговата сопруга платиле 43 милиони долари за новиот дом – надминувајќи го претходниот рекорд за купопродажба во округот Сан Диего за 8 милиони американски долари – според Брајан Д. Гилитинан од групата Гилитинан. Договорот беше затворен на 27 март 2020 година.

Новиот дом на Гејтс има шест спални, 4 тоалети, а претходен сопственик била Медлин Пикенс, поранешна сопруга на нафтен тајкун во Тексас и милијардер Т. Боун Пикенс. Г-ѓа Пикенс стави на пазарот 5.800 квадратни метри на почетокот на 2019 година, барајќи 48 милиони долари.

Домот не е просечна куќа на плажа. Повеќе е семејна резиденција со директен поглед кон океанот, во која има здравствен центар, театар, базен, тениско игралиште, стаклена градина, и две куќи за гости.

Гејтс со семејството живее во Медина, а има и ранч во Санта Фе од 18 милиони американски долари во Калифорнија, и два имоти за нивната ќерка Џенифер: фарма со коњи од 16 милиони долари и апартман во Њујорк кој чини 5 милиони долари. (Architectural Digest)