Луксембург, Ирска и Азербејџан ривали на македонските кошаркари на Евробаскет 2029

Машкиот кошаркарски сениорски национален тим ги доби противниците за првиот круг од претквалификациите за Евробаскет 2029 година. Македонските кошаркари ќе игра против Ирска, Луксембург и Азербејџан во групата А. Извлекувањето на групите се одржа во Рига, Летонија.
Вкупно десет европски репрезентации, се дел од претквалификациите за пласман во квалификациите за Евробаскет 2029. Од трите групи трите првопласирани селекции ќе се пласираат во следната фаза, заедно со најдобро второпласираната селекција од групите.
Во групата Б ќе играат селекциите на: Бугарија, Норвешка и Ерменија, додека во групата Ц ќе се натпреваруваат: Словачка, Косово и Албанија.
Во првата фаза, ќе се игра во три натпреварувачки „прозорци“. Првиот е од 24.ноември до 2. декември, 2025 година, вториот ќе се игра во периодот од 23. февруари до 3. март, 2026 година, а последниот е предвиден помеѓу 29. јуни до 7. јули, наредната, 2026 година. За очекување е избраниците на селекторот Марјан Илиевски да обезбедат пласман во следната фаза.