Лукашенко: Заминувам кога ќе донесеме нов устав


Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска изјави дека нема да биде на чело на државата кога ќе биде усвоен новиот устав.

– Јас не донесувам никаков устав за себе. Јас нема да работам како претседател со новиот устав. Затоа, смирете се, мирно поднесете го тоа, ја пренесуваат руските медиуми изјавата на Лукашенко.

Тој исто така рече дека никогаш нема да дозволи „со усвојување на нов устав, некој да зборува за тоа дека изборите се наместени“.