Лукашенко: Можно е да сум на функцијата предолго

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, ја дозволи можноста дека е предолго на функцијата шеф на државата, но, воедно смета дека само тој е во состојба да „ги заштити Белорусите“.

Ова свое мислење Лукашенко го даде во интервју за руската телевизија Русија 1.

„Да, можно е да останав некое време, можно е да ме покажаа не само на ТВ, туку и преку железото и чајникот. Но, во реалноста, сега само јас сум во состојба да ги заштитам Белорусите“, рече Лукашенко, пренесе БГНЕС.

„Демократски избраната белоруска Влада нема да смета дека е валиден ниту еден иден меѓународен договор склучен од белорускиот претседател Александар Лукашенко, изјави лидерката на опозицијата Светлана Тихановска во своето обраќање од егзил во Литванија.

„Лукашенко нема легитимитет да биде претседател на нашата земја. Тој повеќе не ја претставува Белорусија”, рече таа пред комитетот на Советот на Европа во обраќањето од Вилнус, Литванија, каде се наоѓа откако ден по изборите ја напушти татковината поради закани за сопствениот живот.

Литванскиот министер за надворешни работи вчера изрази загриженост дека Лукашенко може да се откаже од независноста на Белорусија со потпишување договор за посилна интеграција со Русија.