Лукаку сонува да игра во Серија „А“


Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку призна дека се надева дека еден ден ќе игра во италијанското првенство.

Интерес за 25-годишниот Белгиец покажува Интер.

– Да играм во Серија „А“ е вистинска сон. Се надевам дека ќе играм, порано или подоцна во Италија. Но во моментов сум фокусиран на Манчестер Јунајтед, изјави Ромелу Лукаку пред „Скај Спортс“.

Оваа сезона Лукаку зеде учество во 44 натпревари за Манчестер Јунајтед, постигнувајќи 15 гола и 1 асистенција. Напаѓачот е исто така поврзуван со ПСЖ и Баерн Минхен.