„Луј Витон“ во Тексас: Доналд Трамп ќе сече лента за луксузни женски чанти


САД– Претседателот Доналд Трамп попладне ќе присуствува на отворањето на новата локација во Тексас за производителот на луксузните рачни торби „Луј Витон“, привлекувајќи ја француската луксузна компанија во теренот за креирање работни места на американскиот лидер, додека се подготвува за новата претседателска изборна кампања следната година.

Бернард Арно, шеф на конгломератот „ ЛВМХ “ кој е сопственик на брендот, исто така ќе присуствува на настанот на „Рохамбе ранч“ во близина на Далас, именуван по генералот кој ги предводел француските трупи заедно со 13-те колонии во Американската револуција.

„Благодарение на економската политика на Трамп, „ЛВМХ“ ќе го отвори „Луј Витон Рохамбе“ во Тексас. Заедно со оваа инвестиција, извршниот директор на „ЛВМХ“, Бернард Арно, вети 1.000 нови можности за локалните занаетчии и кожари”, објави ќерката на Трамп, Иванка Трамп.

Арно беше еден од првите високи француски бизнис лидери кој се сретна со Трамп во јануари 2017 година, само неколку недели по неговиот избор, кога тој посочи дека ќе размисли за проширување на „Луј Витон“ во Америка.
Американскиот пазар е втор по големина за „ЛВМХ“, а веќе има две локации за производство во Калифорнија за „Луј Витон“, чии чанти може да чинат и по неколку илјади долари.

Во извештајот се вели дека половина од работниците на „Луј Витон“ кои ги ангажира компанијата немаат претходно искуство во кожарството и добиваат интензивна обука пред да им се дозволи да сечат или шијат.