„Луј Витон“ доаѓа во Србија


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Париз го најави доаѓањето на познатиот луксузен бренд „Луј Витон“.

Како што изјави, „Луј Витон“ доаѓа во Србија.

„Верувам дека тоа ќе го имаме во главниот град за две години“, рече Вучиќ.

„Се надеваме дека ‘Луј Витон’ конечно ќе дојде во Србија во Белград во 2026 година. Толку се боревме за тоа. ‘Луј Витон’ е предводник и кога ќе дојде ‘Луј Витон’, тогаш доаѓаат сите големи“, изјави Вучиќ во Париз.

Вуќиќ изјави дека Србија има добри јавни финансии, дека земјата дополнително го подобрила својот рејтинг и дека сега е на чекор од добивање инвестициски рејтинг. 

Тој се осврна и на соработката со француските компании кога станува збор за управувањето со отпадот, енергијата, вештачката интелигенција и нејзината примена во економијата и летечките автомобили, за кои се разговарало со дури три француски компании.

Во Париз денеска се одржува состанок на деловниот совет Франција-Србија, на кој српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше со претставници на француската деловна асоцијација Движење на француските претприемачи – MEDEF International, како и со претставници на француски компании.