Луѓето плаќаат 19 евра за да видат сушени смрдливи бубачки и заморчиња во овој музеј (видео)


Последните денови шведскиот град Малме добива посебно внимание поради Евровизија.

Многумина дојдоа таму токму за овој натпревар, но овој град има многу повеќе да понуди. Една од најинтересните активности во овој град дефинитивно e одењето во Музејот на одвратна храна, резервиран само за најхрабрите.

Отворен во 2018 година, овој музеј е главна атракција во Малме, а на TripAdvisor, Музејот на одвратна храна е рангиран на #1 на листата од деведесет и четири работи што треба да се прават во Малме.

Што е изложено?
Музејот е посветен на храната од целиот свет, која на некои луѓе им е одвратна или одбивна, а моментално има над 80 експонати од храна и пијалоци кои посетителите можат да ги видат, мирисаат и ако се доволно храбри, да ги вкусат.

На влез не ви даваат билет туку ќеса за повражање, така што веќе на самиот почеток ви се  навестува дека има нешто навистина одвратно во овој музеј.

Сигурно се прашувате што има во него?

За почеток, тука е Surströmming, ферментирана шведска харинга која се смета за една од најсмрдливите намирници во светот (наводно мириса на гнилеж), како и casu marzu, сирење полно со живи црви од Сардинија.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Disgusting Food Museum (@disgustingfoodmuseum)

Сепак, тоа не е сѐ. Може да видите и дуриан, познато смрдливо овошје од Тајланд,  пенис од бик, печени заморчиња од Перу, смрдливо тофу од Кина, сушени смрдливи бубачки од Зимбабве, кунгу колач направен од мелени муви, пржени скакулци, сок од жаба и вино од глушец, стомна со оризово вино со бебиња на глодари.

Овој музеј е отворен секој ден од 11 до 17 часот, а може да влезете до 16 часот. Цената на билетот е 19 евра за возрасни, 15 евра за студенти и пензионери, 7 евра за деца од 6 до 15 години, а за деца до 6 години влезот е бесплатен.