Луѓе во болница поради смрдеата во шведската шпионска агенција. Не се знае за што се работи


Осум лица од шпионска агенција во Шведска вчера завршиле во болница со респираторни проблеми откако пријавиле силна смрдеа. Полицијата која ја спроведува истрагата смета дека смрдеата настанала од истекување на гас, пренесува АП.

„Околу 13 часот имаше индикации дека има опасна супстанца во канцелариите на Шведската служба за безбедност (САПО) во Стокхолм“, рече Патрик Содерберг, главен медицински службеник на здравствената управа на шведскиот главен град.

Осум лица се хоспитализирани
Лекарот рече дека осум лица од шпионската агенција се хоспитализирани и додаде дека с\ уште е нејасна причината за смрдеата. Полицијата и итната медицинска помош кои пристигнале на местото на настанот носеле гас-маски. Зградата на САПО е евакуирана.

Подоцна околу зградата била оградена голема површина, а полицијата навела можност за истекување на гас. Полицискиот кордон бил отстранет по четири часа бидејќи било утврдено дека нема истекување, а хоспитализираните се чувствувале подобро.

Шведска беше свесна за последиците од нејзината одлука да аплицира за членство во НАТО, соочена со закани од соседна Русија поради овој потег. Шведска, исто така, се смета за потенцијална мета на исламистичките напади, откако во земјата се случија неколку високо провокативни палење на Куранот додека течеа преговорите за членство во НАТО со Турција.