Луѓе од езерото: Необичен народ преживува со водни акобации

Живот во куќи и градини што плутаат, е цврсто поврзан со второто по големина езеро во Мјанмар, каде традиционалниот риболов подразбира водни акробации.

Езерото Инле сместено е на околу 600 км северно од Џангон, и е една од главните туристички атракции во Мјанмар. И тоа не е толку поради самата вода – иако второто по големина езеро во земјата е окружено се идилични планини и претставува навистина убава глетка.

Причина се рибарите кои за својата работа и тоа како мора да извежбаат акробатски вештини, пренесува порталот Полн куфер. Традиционалниот риболов во овој дел од земјата, налага восхитувачка вештина, сила и трпение.

За да можат да маневрираат со мрежата, балансираат на една нога на дрвен чамец на кој многу е лесно да се изгуби рамнотежа. Ногата, понекогаш, ја мотаат околу веслото, за да имаат две слободни раце.

Риболовот ни малку не го олеснува големата мрежа, која е нешто повисока од еден метар. Како што ги нарекуваат, „луѓе од езерото“, самите на себе си се доволни кога станува збор за производство на храна и материјал за шареноликите куќи што плутаат, а во кои тие живеат.

Животот не можат да го замислат разделени од езерската вода и кога се работи за оризовите полиња на делтата. Исто така, тие градат и градини што плутаат, собирајќи компост на долги столбови кои се прицврстени за дното.