„Луфтханза“ се откажува од постарите авиони поради огромните загуби


„Луфтханза“ објави 6,73 милијарди евра чиста загуба во текот на 2020

„Луфтханза“ може трајно да приземји повеќе авиони за да излезе помалку погодена од пандемијата на корона вирусот, соопшти во четвртокот германската авиокомпанија откако објави рекордни загуби за 2020 година.

Групата, која ги опфаќа брендовите на „Острија ерлајнс“, Свис“ и „Еуровингс“, ги скрати своите планови за капацитет во 2021 година, но рече дека сепак се надева на летен пресврт.

„Ние испитуваме дали сите авиони постари од 25 години трајно ќе останат на земја“, рече извршниот директор Карстен Шпор, ветувајќи дека 2021 година ќе стане „година на повторна димензија и модернизација“ за компанијата.

„Луфтханза“ забележа нето загуба од 1,141 милијарди евра во четвртиот квартал. Приходите паднаа за 71%, на 2,59 милијарди евра.

Авиокомпанијата, која минатата јуни доби финансиска помош од 9 милијарди евра, поддржана од владата, соопшти дека ќе работи со 40-50% од капацитетот пред кризата оваа година, што е помалку од претходната прогноза од 40-60%.

Авиокомпаниската групација објави 6,73 милијарди евра чиста загуба во текот на целата година со приходи од 13,59 милијарди евра, што е пад од 63%. (Ројтерс)