„Луфтханза“ ќе отпушти илјада административци

Германската авиокомпаија „Луфтханза“ денеска најави дека планира илјада вработени во администрацијата да добијат отказ, поради кризата предизвикана од пандемијата во новиот коронавирус.

Во соопштението од „Луфтханза“ се наведува дека додека бројот на лидерски позиции во фирмата е намален е за 20 проценти, а исто така и во филијалите на германскиот авиопревозник – „Луфтханза Карго АГ“, „ЛСГ груп“ и „Луфтханза авиејшн тренинг“.

Поради пандемијата со Ковид-19, според пресметки на „Луфтханза“, отказ би можеле да добија 22.000 вработени.