Лудата идеја стана стварност: Интернет од балон


 

Различни размислувања за начините на кои може да се овозможи пристап до интернет на подрачја кои во моментот се слабо или никако не се покриени со сигнал, вродија со плод. Во последно време, се почесто се зборува за сателитски интернет.

„SpaceX” веќе прати стотици од планираните 30.000 мали сателити Старлинк кои на луѓето на Земјата би им овоможиле пристап до мрежа кој во моментот таму го нема.

Затоа екипата на „Google X” пред седум години имаше, како што на совјата страница нагласија, „луда идеја“ за користење интернет балони опремени со антени за да може да служат како мобилни базни станици.

Во тој прект што го нарекоа „Loon” вложија големи ресурси и многу време, но сето тоа се исплатипоради тоа што оваа недела почна првата комерцијална примена на балонски интернет во кенија.

Балоните со сигнал покриваат подрачје од околу 50.000 квадратни километри. Просечната брзина на интернетот изнесува 18.9 Mbps (download) и 4,74 Mbps (upload), со латенција (доцнење) од 19 ms.

Како што нагласија на службениот блог, во текот на тестирањето околу 35.000 луѓе го користеле нивниот балнски интернет, а не ни знаеле за тоа.

Интернет сервисот базиран на балони покажа дека е добар за гласовни и видео повици, социјални мрежи, сурфање на интернет и слично.

тестирањата почнаа пред пандемијата од корона вирус, а ситуацијата со заразата замо го забрза развојот и имплементацијата на сервисот. Балоните летаат во стратосферата на висина од 18 до 25 километри, каде ветровите се послаби, а токму струењето на ветрот се користи за движење на балоните, пренесе порталот Зимо.

Зза правилно да се распределат балоните со цел покривање на најголемо можно подрачје, користат системи на вештачка интелигенција. Балоните можат ноколку месеци да бидат во воздух, по што се враќаат на Земјата и се заменуваат со нови.