ЛШ: Вардар почнува со гостување кај Монпелје на 14 септември


Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди термините и саатниците за првите 10 кола од групите во ракометната Лига на шампионите.
Вардар сезоната ја почнува со гостување во Франција кај Монпелје на 14 септември, а 10. коло ќе го одигра дома со Веспрем на 1 декмеври.
Вкупно ќе има 14 кола, а другите 4 кола ќе се одиграат откако ќе заврши ЕП во јануари 2020 година.
Вардар е во група со Веспрем, Мотор Запорожје, Кјелце, Порто, Кил, Монпелје и Мешков.

Распоред и саатници:
1 коло – 14 септември (17,15 часот)
Монпелје – Вардар
2 коло – 22 септември (17 часот)
Вардар – Порто
3 коло – 29 септмеври (18 часот – локално време)
Мотор – Вардар
4 коло – 12 октомври (17,15 часот)
Вардар – Кил
5 коло – 19 октомври (17,15)
Веспрем – Вардар
6 коло 3 ноември (19 часот)
Вардар – Мешков
7 коло – 9 ноември (17,30)
Вардар – Кјелце
8 коло – 13/17 ноември
Кјелце – Вардар
9 коло – 23 ноември (18 ч. – локално време)
Мешков – Вардар
10 коло – 1 декември (17 ч.)
Вардар – Веспрем.