Ловџија ранет во Албанија донесен во дебарската болница

 
Во понеделникот, во 23.45 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека во Општата болница во Дебар бил донесен Е.М. од Албанија, со повреди во пределот на левата рака и лицето.
Е.М. бил донесен од С.Х. и Е.Ш. и двајцата од Албанија со патничко моторно возило
„опел фронтера“ со албански национални ознаки.
Во Полициската станица Дебар С.Х. изјавил дека во несреќен случај на територијата на Албанија Е.М. се здобил со повреди од ловечко оружје во сопственост на И.Д. од Албанија.
Поради потреба од укажување на лекарска помош тие преку граничниот премин Џепиште – Требиште околу 23.20 часот ја преминале државната граница и дошле во Дебар.
За случајот е известен јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.