Лоши вести за Јанша на изборите во Словенија, триумф на Роберт Голоб

Успехот на партијата Движење Слобода на Роберт Голоб е неверојатен за Словенија. Таа освои најмногу гласови во сите години на независноста. Има многу разочарани, а најмногу е партијата на Јанез Јанша


Роберт Голоб - најверојатниот иден премиер на Словенија

 

Политичкиот ветеран на словенечката политичка сцена, Јанез Јанша, доживеа голем пораз на изборите во Словенија, а човекот кому пред гласањето му се даваа најмногу шанси, Роберт Голоб, заврши со голем триумф.

Според резултатите излезните анкети на агенцијата „Медијана“, кои таа ги спроведе за РТВ Словенија и Поп Тв, партијата Движење Слобода на Голоб постигна резултат каков што ниедна партија не постигнала во 30-годината независност на државата. Движење Слобода доби 35,8 отсто, Словенечката демократска партија (СДС) на Јанша 22,5 проценти, а десничарската партија Нова Словенија е трета со 6,8 отсто од гласовите. Според излезните анкети само уште две партии би го преминале цензусот од 4 отсто, што исто така е невообичаен резултат за парламентарни избори во Словенија. Прагот за влез во парламентот би го преминале социјалдемократите (СД) со 6,6 отсто од гласовите, а партијата Левица треба да добие 4,4 отсто.

Доколку официјалните резултати бидат во овие параметри, во Собранието од 90 места 42 пратеници би добила партијата на Роберт Голоб, 26 ќе има партијата на Јанез Јанша, осум места се за Нова Словенија на Матеј Тонин, седум за СД, предводена од Тања Фајон и пет за Левица, координирана од Лука Месец.

Според излезните анкети, најблиску до пратеничкиот праг се доближи Листата Марјан Шарец, која ја предводи поранешниот премиер, која доби 3,8 отсто од гласовите и партијата Да ја поврземе Словенија со 3,2 отсто од гласовите. Од „Медијана“ за ТВ Словенија рекоа дека поради големата излезност може да има и оттспувања воод нивните излезни анкети.

Поразот на јанша е голем удар за илибиералиот триаголник Будимпешта, Белград, Љубљана, чии власти во последниот извештај на Фридом хаус доживеаја најголемо демократско назадување во овој регион. Виктор Орбан и Александар Вучиќ триумфираа на изборите на почетокот на овој месец, а Јанез Јанша (63) „триумфално“ загуби.

 

Јанез Јанша не очекуваше ваков пораз

Најверојатниот иден премиер, Роберт Голоб, не ѝе непознат на словенечката јавност, иако тој до неодамна не беше дел од политиката. Голоб, кој влезе во политиката со неговата партија Движење слобода на почетокот на оваа година, велеше дека неговата цел е да создаде стабилна либерална централно-левичарска влада која ќе владее со земјата два мандата и ќе ги направи неопходните промени и одбива каква било можност за коалицирање со партијата на Јанша.

„Луѓето мора сами да одлучат дали сакаат да живеат во полициска држава воведена од актуелната влада под маската на борбата против пандемијата. Во недела гласањето не е против Јанша туку против полициската држава“, рече Голоб во еден од неговите неодамнешни медиумски настапи.

Роберт Голоб (55) беше долги години на чело на најголемата државна електроенергетска компанија ГЕН-И, а неодамна од актуелната власт беше сменет од функцијата извршен директор. Докторираше на 29 години, а пред изборите беше многу експониран во медиумите.

Има многу незадоволни од излезните анкети. Прва во тој ред е СДС. „Според мене, излезните анкети се делумно неверодостојни. За нашите резултати ќе можеме да зборуваме дури откако ќе се пребројат гласачките ливчиња и од најоддалечените избирачки места“, изјави Алеш Хојс, потпретседател на СДС, веднаш по затворањето на гласачките места. Според него, овој натпревар бил тежок за нив, бидејќи против себе ги имале сите мејнстрим медиуми.

Хојс изјави дека се чини дека гласачите повторно се обложуваат на нов лик. Тој посочи дека останува да се види кој ќе ја формира коалицијата. Тој смета дека е речиси неверојатно движењето Да ја поврземеСловенија да не го премине парламентот.

Разочарување имаше и кај Левица. Нејзините поддржувачи речиси не веруваа кога ги видоа излезните анкети. Претседателот на партијата Лука Месец не можеше да го сокрие своето разочарување. 

Разочарана е и поранешната премиерка Аленка Братушек. Излезните анкети покажуваат дека нејзината партија САБ добила 2,9 отсто од гласовите и останува надвор од парламентот. „Дадовме сѐ од себе“, рече видно разочараната претседателка на партијата Аленка Братушек. Но, како што додаде таа, потребно е да се почекаат резултатите на државната изборна комисија.

Листата на Марјан Шарец се стрмоглави по последните избори пред четири години. Тогаш освои 12,66 отсто, а сега излезните анкети ѝ предвидуваат 3,8. Тоа е малку под прагот за влез во парлементот и во пратијата се надеваат дека официјалните резултати ќе покажат дека преминале 4 отсто.

Освен Роберт Голоб има само уште една партија која е задоволна од резултатите – конзервативните христијански демократи од Нова Словенија. Таа ја зголеми својата поддршка и сега е трета партија во државата. Нова Словенија е дел од сегашната влада на премиерот Јанша и според аналитичарите дел од гласовите на СДС се прелил кај партијата на лидерот Матеј Тонин.