Лоша вест за ПСЖ: Мбапе го пропушта натпреварот со Аталанта


Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе ќе се опорави од повредата на десниот глужд за околу три недели, соопшти клубот.

Така, тој скоро сигурно испадна од сметките на Томас Тухел за четвртфиналниот судир против Аталанта во Лигата на шампионите, што ќе се одигра на 12 август во Лисабон.

Мбапе се здоби со повреда за време на финалето во Купот на Франција против Сент Етјен, кој го доби неговиот тим со 1-0.

Покрај важниот натпревар против италијанскиот тим, тој ќе го пропушти финалето на Лига Купот против Лион на 31 јули.