Лондон повеќе не е центар на европските финансии


Лондон повеќе не е дом на најголемата европска берза, откако Париз ја презеде во понеделникот, според Блумберг.

Промената на врвот доаѓа по одлуката на луксузните брендови како Луј Витон и Гучи да се преселат во Франција.

Експертите на берзата предвидуваат зголемување на продажбата на луксузни стоки кога кинеските купувачи сакаат да потрошат пари што не можеле да ги потрошат поради ограничувањата поради пандемијата на коронавирус.

Акциите на париската берза сега изнесуваат 2,823 билиони долари, наспроти 2,821 билиони долари на пазарот во Велика Британија.

Пред шест години вредноста на капиталот на британската берза беше 1,5 билиони долари повеќе од онаа на Франција, но по Брегзит работите почнаа да се менуваат.

За губењето на приматот во финансиите е виновен Брегзит, а не даночната политика од краткорочниот мандат на премиерката Лиз Трас, изјави поранешниот функционер на Банката на Англија, Мајкл Сондерс.

„Економијата на Обединетото Кралство како целина е трајно оштетена од Брегзит. Потребата за зголемување на даноците и намалување на потрошувачката немаше да постои доколку Брегзит не го намали толку многу потенцијалното производство на економијата“, рече тој, пренесува „Политик“.