Локвенец се повлече од МЖ Инфраструктура
Директорот на МЖ Инфраструктура, Хари Локвенец поднесе оставка на функцијата, како што потврди од лични причини. Оставката на Локвенец е прифатена на денешната владина седница и на негово место доаѓа Зоран Трифуновски.
Локвенец дојде на директорското место во МЖ Инфраструктура во ноември во 2020 година.