Љупчо Зиков предложен за финансов директор на МЕПСО


Новинарот и директор на неделникот „Капитал“ е предложен за директор на финансии и комерција во МЕПСО, пишува „Фокус“.

-Секако дека сум информиран, и ја прифаќам оваа покана, сепак треба да поминат законските процедури за да бидам избран на оваа позиција, вели Зиков за „Фокус“.

Тој и претходно беше предложен за оваа позиција но во август 2017 година ја врати поканата и како што и напиша тогаш поради „многу пизма и зли мисли“ за него и неговото семејство.

Љупчо Зиков е новинар и директор на неделникот „Капитал“, а беше и претседател на партијата Алијанса за подобра Македонија, основана заедно со Минчо Јорданов и Владо Бучковски која на последните избори коалицираше со СДСМ.