Љупчо Палевски притворен во Белград


Скопскиот бизнисмен Љупчо Палевски – Палчо вчера е притворен во Белград, јавува порталот Скопје 1. Палчо бил приведен во моментот кога сакал да се качи во авион за Москва. Според порталот Палевски е притворен по потерница од Хрватска и во моментов е во екстрадициски притвор.

Палевски е приведен од српската полиција по потерница распишана од Република Хрватска и во моментов е во екстрадиционен притвор.

Информацијата за „360 степени“ ја потврди неговиот адвокат Васко Стојков, кој вели дека во моментот на приведувањето Палевски се подготвувал да отпатува за Москва, каде според него, требало да склучи бизнис зделка.

Стојков  изјавил дека Палевски своевремено живеел и работел во Хрватска и оти хрватските власти го бараат Палевски за долг на негова фирма од 2,5 илјади евра. Според адвокатот Палевски, никогаш не примил покана на адресата во Македонија за да се појави пред хрватските правосудни органи.

-Уште почудно е што според информациите со кои располагам, потерницата датира од 2015 година. Палевски во изминатите години непречено патуваше во многу држави, вели Стојков.

Палевски има кривична пријава и во Македонија затоа што во април годинава на настан во Прилеп преку мегафон пушташе „бомби“. Засега нема информации од нашите институции за апсењето на Палевски во Белград