Љубовниците на Путин добивале акции во „Гаспром“ и имоти


Многубројните љубовници на Путин, кој се преставува како главен  во православниот свет, добија акции во „Газпром“ и имоти, изјавил во интервју за Бугарското национално радио бугарскиот новинар Христо Грозев повикувајќи се на британскиот истражувачки сајт „Белингкат“. Грозев е  еден од групата новинари кои го истражуваа труењето на Алексеј Навални при што тој изјави дека нивната истрага открила три​​убиства извршени досега од руските тајни служби и најмалку 6 неуспешни убиства, вклучително и тоа на Алексеј Навални.

„Значи, ние го надминуваме опсегот на овој конкретен случај и зборуваме за незгоден режим и мора да ги замолиме сите да го видат ова“, рече Грозев.

Истражувачкиот новинар е убеден дека враќањето на опозиционерот во Русија е силен потег и тој покажува дека Навални не е господин Никој, кој не е заинтересиран за земјата. Тој посочи дека има голем ризик по животот на Алексеј Навални за време на неговиот престој во затворот.

Грoзeв го посочи филмот за имотите на Путин создаден од Навални  кој според него е најдобар приказ за корупцијата во Русија. Навални го подготвувал филмот три месеци и се ратил во Русија за да го пушти во јавноста бидејќи ако го сторел тоа од странство, ќе бил обвинет дека пушта материјални од странски разузнувачки служби.Филмот, оценува тој, документира во подробности до каде може да стигне еден режим кој нема никакви ограничувања.

„Се дојде до изградба на дворец од една милијарда евра и до тоа многубројните љубовници на Путин , кој се преставува како стожер на православниот свет, да добиваат акции во „Газпром“ и имот“, вели Грозев.

Според него тоа не се само откритија на Навални туку и на четири или пет руски независни медуми кои ги прегледале документите и потврдиле дека се вистински.

 “Фирмата која управува со тој имот (дворецот) е управувана од еден господин  од чии документи се виде дека е внук на Путин. Во оваа фаза Кремљ тврди дека не постои таков дворец но сите документи го потврдуваат обратното“, вели Грозев.