„Љубовната соба” доби награда на „Агора Докс“ на фестивалот во Солун
Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба” доби награда на „Агора Докс“ на фестивалот за документарен филм во Солун во Грција. Филмот е во режија на Сузана Диневски, а е во продукција на Сузи Кју.
Продуцент на филмот е исто така Сузана Диневски, а ко-продуценти се Владимир Стојчевски (Аворд Филм и Видео) и Бојана Диневски (Сузи Кју). Директор на фотографија е Фејми Даут, а монтажата е на Горан Вуќиќ. Музиката е на Дуке Бојаџиев, организатор е Горан Стојилковиќ, а тонски дизајнер е Игор Поповски.
Филмот раскажува две интимни љубовни приказни на две млади жени чии сопрузи се на отслужување на затворка казна во КПД Идризово.
Финансиски е поддржан од Агенцијата за филм.