Љубљанскиот аеродром вгради соларна електрана


Со вградување соларни панели на покривот од гаражниот простор на паркиралиштето, Љубљанскиот аеродром доби обновлив извор на енергија кој ќе обезбедува 7 отсто од потребите за струја на аеродромот и притоа ќе ги намали емисиите на јаглероден диоксид за 200 тони годишно.

Вложувањето кое пред половина година го договорија „Фрапорт Словенија“, словенечката подружница на германската компанија која управува со словениечкиот аердором и компанијата „Ресалта3 како инвеститор, вреди 350.000 евра.

Електраната покрива 40 отсто од покривот на гаражата

„Современите системи за сопствено производство за соларна енергија претставуваат голем потенцијал за одржлива трансформација“, рече при пуштањето на погон на електраната Змаго Скобар, советник на управата на аеродромот и прокурист на компанијата „Фрапорт Словенија“.

„Затоа одлуката да се оди во ваква инвестиција беше едноставна, не само од аспект на економичност туку и со цел намалување на емисиите CO2″, доава Скобар.

Фотоволтаичната електрана со номинална сила од 500 киловати годишно ќе произведува 530 мегават часови електриќна енергија.

Електраната е составена од 1.347 модули кои покриваат околу 3.000 метри квардатни, односно 40 отсто од покривот на гаражата.