Љубљана: Лажна бомба поминала низ аеродромска контрола


Безбедносниот инспектор на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Словенија, кој се преправал дека е патник, успеал минатата недела да пренесе лажна експлозивна направа во близина на контролните пунктови на аеродромот „Јоже Пучник“ во Љубљана.


Словенечки медиуми, повикувајќи се на неофицијални, но веродостојни извори, јавуваат дека обезбедувањето не ја открило лажната експлозивна направа
.

Во извештајот се наведува дека инспекторот, кој се претставил како патник на лет до Франкфурт, ја поминал рендгенската и личната контрола, носејќи лажна направа во неговиот ранец.