Љоренте призна дека ја удрил топката со рака, но се е регуларно


Во Манчестер Сити сигурно се бесни, бидејќи една од снимките покажа дека стрелецот на третиот гол за Тотенхем Фернандо Љоренте играл со рака. Поточно, ја допрел топката со рака… Меѓутоа, по консултацијата со ВАР системот, судијата Чакир покажа на центарот. Тоа беше одлучувачкиот момент од двомечот.

За шпанскиот напаѓач нема дилеми.

Почувствував дека топката малку ми ја допре дланката, но јас не се обидов да ја удрам топката со рака. Голот е регуларен, знаев дека голот е регуларен, но никогаш не знаете во такви моменти што ќе се случи“, изјави Љоренте.

Силниот центарфор долго ќе го памети гостувањето на „Етихад“. Признава дека ова му е еден од највпечатливите моменти во кариерата.

„Ова беше неверојатна ноќ, еден од најдобрите моменти во мојата кариера. Ги освоив Европското и Светското првенство. Меѓутоа, ова е историски момент“, додаде Љоренте.