Љафтов е првиот македонски одбојкар во италијанската Суперлига


Репрезентативецот Александар Љафтов од денеска е нов член на екипата на Порто Робур Коста од Равена со што стана првиот македонскиот одбојкар во историјата, кој ќе настапува во италијанската Суперлига.

Најсилната европска лига ќе биде нов предизвик за 31-годишниот Љафтов, кој се пресели во Равена по четиригодишен престој во бугарскиот прволигаш Пазарџик, а претходно во својата меѓународна кариера настапуваше, меѓу другите, и за Галатасарај, Анкара, Стеауа, Младост и Рибница.

Италијанскиот прволигаш од Равена соопшти денеска дека Љафтов потпишал договор до јуни 2022 година.

– Многу сум среќен што ќе бидам дел од тимот на Равена и ќе настапувам во италијанската лига. Тоа за мене ќе биде нов предизвик и голем мотив. Тренерот (Емануеле) Занини ми укажа дека целта на клубот во новата сезона ќе биде да го зачуваме прволигашкиот статус, но јас се надевам дека ќе бидеме способни да постигнеме и нешто повеќе од тоа, изјави Љафтов за клупскиот сајт на тимот од Равена.