Лиз Трас на распродажба


Поранешниот министер за надворешни работи на Шведска, Карл Билт, објави фотографија со книга за британската премиерка Лиз Трас која, по серијата политички грешки, од многумина веќе е прогласена за бивша. 

„ Пазарот – исто така и на книгите- може да биде брутален“, напиша Билт под фотографијата од која се гледа дека книгата за Трас е експресно ставена на распродажба и од речиси 15 фунти, сега може да се купи за помалку од една. 

Откако нејзината либертаријанска економска политика предизвика финансиска криза и итна интервенција на централната банка, британската премиерка Лиз Трас сега се соочува со
бунт во сопствената партија што може да ја чини функцијата. А, кога ќе се случи тоа очигледно тешко дека некој ќе сака да купи книга за нејзиниот „зачудувачки подем кон власта“ кога веќе се соочува со политички дебакл.